На денешен ден

На денешен ден пред повеќе години 25 јуни

1822 – Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус Хофман, германски писател, композитор и музички критичар, претставник на доцната романтика. Најпознати негови дела се “Животните погледи на мачорот Мур”, “Серапиновите браќа” и други. Роден е во Кенигсберг на 21 јануари 1776 година.

1867 – Американецот Лисјен Смит ја патентираше боцкавата жица.

1903 – Роден е англискиот писател Џорџ Орвел (вистинското име му е Ерик Артур Блер). Дела: романите „1984“, „Животинска фарма“, „Бурмански денови“, „Никој и ништо во Париз и Лондон“, есеите „Критички есеи“, „Лов на слонови“, „Англија, ваша Англија“, книга за Шпанската граѓанска војна „На Католонија со љубов“.

1905 – Меѓу селата Куклица и Пендаќ, триилјадна турска војска и жандармерија ја опколи четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата (А. Димитров). Се разви жестока борба. Кога ја привршија муницијата борците ја изгореа архивата на четата, ги искршија пушките и револверите, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“ и се самоубија, следејќи го примерот на својот славен војвода. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работеше во повеќе од 16 реони, а беше раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденското востание од 1903 година дејствуваше во Кратовско. Атанас Бабата е роден во село Санитово, Пазарџиско, во 1875 година.

1906 – По една акција на четата на војводата Ѓорѓи Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата беше ранет, а за да не биде заробен, се самоуби. Тој е брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден е во селото Ораовец, Прилепско, во 1883 или 1884 година.

1920 – Градот Хаг, во Холандија, е избран за седиште на Меѓународниот суд на првадата.

1942 – Британското воено воздухопловство со 1.000 бомбардери го нападна германскиот град Бремен.

1956 – Роден е Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година). Трајковски дипломираше на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 1980 година, специјализираше економско право и трудово право. До 1997 г. раководеше со правна служба во стопанско претпријатие, а од 1997 до 1998 г. беше шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје. Од крајот на 1998 г. беше заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата на Љубчо Георгиевски. Тој, исто така, беше и председател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и политички советник за надворешна политика на председателот на ВМРО-ДПМНЕ, беше член на Председателството на невладината организација Паневропско движење на Република Македонија и на меѓународната конференција „Разрешување на конфликти” со седиште во Атланта, САД. Учествуваше на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување на конфликти, религиозна толерантност, религиозна слобода, а беше и претседател на Младинската организација на Обединетата методистичка црква во Југославија повеќе од 12 години. Борис Трајковски умре на 26 февруари 2004 г. во авионската несреќа што се случи во планински предел во близина на Мостар. На пат кон Сараево во истиот авион патуваа вкупно девет луѓе и сите трагично ги загубија животите.

1978 – Во Оклахома, градче недалеку од Манчестер, во Англија, е родена Луси Браун – првото дете „зачнато“ во епрувета, вештачки оплодено со составување на мајчината јајце-клетка со татковото семе.

1991 – Ден на државноста на Република Словенија.

1991 – Последните советски единици стационирани во Чехословачка ја напуштија оваа земја, 23 години по воената интервенција на Варшавскиот пакт со која беше соборена власта на раководството под водство на Александер Дубчек.

1992 – Литванија ја призна Република Македонија.

1996 – Република Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи.

1997 – Умре францускиот океанограф Жак Ив Кусто, член на Француската академија, голем борец за заштита на човековата околина. Првиот документарен филм „Десет илјади метри под морето“ го сними во 1943 година. Од тогаш тој направи многу документарни филмови и телевизиски серии за животот во морињата и океаните, крстарејќи го светот со својот брод-лабораторија „Калипсо“.  За филмот „Светот на тишинта“, кој го сними со францускиот режисер Луј Мало во 1956 година, на фестивалот во Кан ја доби „Златната палма“. Добитник е на три Оскари. Напиша повеќе книги. Останати филмови: „Свет без сонце“, „Златна риба“.

– Денеска е Ден на телесните инвалиди на Македонија

Сподели на Facebook и Twitter