На денешен ден 29 јули

1890-Умре (се самоуби) Винсент ван Гог, холандски и француски сликар, еден од најголемите експресионисти. Остави 850 слики и 900 цртежи кои влијаеја пресудно врз развојот на европското сликарство и нему му донесе посмртна слава. Роден е во Грот Зундер, на 30 април 1853 година.

1014 – Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на македонскиот цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.

1588 – Во времето на владеењето на кралицата Елизабета Прва, Англија ја победи шпанската „непобедлива армада“, со што се создадени услови за превласт на Англија на море и на подоцнежните колонијални освојувања.

1856 – Умре Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камерна и сценска музика, компонира четири симфонии и една опера. Роден е на 8 јуни 1810 година.

1883 – Роден е италијанскиот диктатор Бенито Мусолини кој владеше со Италија од 1922 до 1943 година. Набрзо  по почетокот на Првата светска војна, тој е исклучен од Социјалистичката партија, а во 1919 година формира фашистичка партија.Во октомври 1922 година во Неапол за време на конгресот на фашистите организира поход на 60.000 приврзаници на Рим и дојде на власт. Под негово водство, Италија во 1935 година ја нападна Етиопија, ги помагаше фашистите во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година, ја нападна Албанија во 1939 година, потоа Франција и Грција во 1940 година итн. После истоварувањето на сојузничките сили на Сицилија, кон крајот на јули 1943 година е соборен од власт. Италијанските партизани го убија на 28 април 1945 година.

1890-Умре (се самоуби) Винсент ван Гог, холандски и француски сликар, еден од најголемите експресионисти. Остави 850 слики и 900 цртежи кои влијаеја пресудно врз развојот на европското сликарство и нему му донесе посмртна слава. Роден е во Грот Зундер, на 30 април 1853 година.

1940 – Германскиот нацистички водач Хитлер ја почна воздушната офанзива на британските острови. Во првата фаза од јули до октомври 1940 година не успеа да ја скрши британската одбрана, а во втората, до мај 1941 година, доживеа и сериозни порази. Тоа беше првиот пораз и доказ дека нацистичката сила е ранлива.

1948  – На стадионот „Вембли“ во Лондон се отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна.

1968 – Во енцикликата „Humanae vitae“ (За човечкиот живот) папата Павле Шести им ги забрани на римокатолиците сите облици на вештачка контрола на раѓањето.

1971 – Почнувајќи од оваа (1971) година, секоја година на 29 јули до 2 август, во Битола се одржува Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Фестивалот претставува презентивна сцена на изворни народни игри и песни на македонскиот народ и на етносите во Македонија.

1981 – Во катедралата Свети Павле во Лондон се венчаа наследникот на британскиот престол принцот од Велс, Чарлс и Дајана Спенсер.

1982 – Во Принстон, САД, умре Владимир Зворник, “таткото на телевизијата”. Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден е во Муром, Русија, на 30 јули 1889 година.

1983 – Умре Луис Буњуел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички оставрувања. Има снимено 32 фила, меѓу кои се “Ангелот на смртта”, “Тој мрачен предмет на желбите”, “Убавицата на денот” и “Шармот на буржоазијата”. Роден е во 1900 година.

1993 – Киргистан ја призна Република Македонија.

1994 – Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси е осуден на осум ипол години затвор под обвинение за измама.

Сподели на Facebook и Twitter