На денешен ден 30 јули

1863 - Роден е Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили, кој придонесе за брзиот развој на автомобилизмот во светот. Умре во 1947 година.

 

511 – Роден е италијанскиот сликар, архитект и писател Џорџо Вазари, еден од основачите на историјата на уметност. Тој наслика многу фрески и слики во римските и фирентинските цркви и палати. Неговите биографии на италијанските уметници од 13 до 16 век се главен извор за проучување на италијанската ренесансна уметност.

1619 – Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година.

1818 – Родена е англиската писателка со ирско потекло Емили Бронте, која се прослави со романот „Оркански висови“.

1863 – Роден е Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили, кој придонесе за брзиот развој на автомобилизмот во светот. Умре во 1947 година.

1889 – Во Муром, Русија, е роден Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“. Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата и така го отвори патот на телевизијата. Умре во Принстон, САД, на 29 јули 1982 година.

1898 – Во Кастелфорд е роден Хенри Мур, британски вајар, главен претставник на апстрактниот правец во европското вајарство. Под влијание на Пикасо и на Бранкуси, секогаш се стремеше кон синтеза на апстрактните облици со надреалистички психолошки истражувања. Умре на 31 август 1986 година.

1914 – Во Париз, убиен е Жан Жорес, еден од најголемите француски борци за мир. Беше голем државник, новинар и филозофски мислител, еден од водачите на Втората интернационала, човек кој зазема истакнато место во историјата на француското и на меѓународното работничко движење како борец за историските цели на работничката класа. Роден е на 3 април 1859 година.

1966 – Англија со победата над Германија со резултат 4:2 во финалето на Светското фудбалско првенство, што се одигра на стадионот „Вембли“, првпат стана светски првак.

1971 – Астронаутите на “Аполо 15”, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината.

1974 – Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар.

1975 – Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигури мирот во Европа.

1999 – Американската армија официјално ја заврши операцијата во Панама по стогодишното присуство во таа земја од Централна Америка.

2003 – Последната „буба“ се симна од производствената лента во Мексико – „фолксваген“ број 21.529.464, колку што за 68 години се произведени во Германија и во други земји, со што заврши историјата на најдолго произведениот автомобил. Производството на „фолксваген“ беше идеја на германскиот дикатар Адолф Хитлер.

2007 – Умре Микеланџело Антониони, италијански филмски режисер. Се прослави со филмот „Авантура“. Антониони зад себе остави 25 филмови. Работеше како сценарист за Роберто Роселини, Федерико Фелини и Марсел Карне, за првпат да застане зад камерата во 1942, снимајќи документарни филмови („Луѓе од реката По“). Неговиот филм „Авантура“ е прогласен за ремек-дело и се смета за еден од десетте најдобри остварувања во историјата на кинематографијата. Во Лос Анџелес во 1996 година му е даден Оскар за животно дело.

2007 – Во својот дом на островот Фаро, Шведска, умре Ингмар Бергман, легендарен шведски тенисер и филмски режисер, сценарист и драмски писател.

2015 – Во Торонто, Канада, умре г. Џон Луис Николас (Лазо) Битов Постариот, познат канадски бизнисмен со македонско потекло. Тој беше роден во Торонто во 1928 од македонски родители Никола и Вана, кои потекнуваат од селото Габреш, поранешна Егејска Македонија. Растењето во семејство кое ги носело трагите од прогонството и голем број страдања, внело во Џон Битов чувство на патриотство за Македонија и длабока љубов за македонскиот народ. Неговата силна волја направила од него успешен бизнисмен. Започнал многу млад како помошник во месарницата на неговиот татко. Потоа го отворил својот прв ресторан кој прераснал во ланец ресторани и сето тоа понатаму довело до уште поуспешни претприемачки потфати, вклучувајќи го и создавањето на најголемата компанија за храна и кетеринг во Канада која ги опслужувала најголемите стадиони, болници и аеродроми. Џон Битов Постариот беше еден од најуспешните бизнисмени со македонско потекло во целиот свет. Донираше средства на многу организации кои се посветени на помагање на Македонците кои од тоа имаат потреба. Многу цркви беа изградени благодарение на неговата поддршка – црквата на Пресвета Богородица во Кембриџ и Св. Илија во Мисисага, и двете во Канада. Џон Битов веруваше многу во значењето на образованието, и со неговите заложби македонскиот јазик почна да се изучува на Универзитетот во Торонто. Г. Битов има доделено многу стипендии за исклучителни студенти од македонско потекло во Северна Америка. Г. Битов се оженил со неговата американско-македонска сопруга Доца во 1949. Тие биле заедно 67 години се до неговата смрт. Џон и Доца Битови го основаа Канадско-Македонското Место во 1978, пензионерски дом за над 100 Канаѓани со македонско потекло. Оваа институција ја организира една од најстарите македонски манифестации во Канада – Македонскиот Голф Турнир, кој првпат се одржал во 1942 и се одржува еднаш годишно до ден денес. Џон и Доца го организираа и го спонзорираа собирот што се одржа во Скопје, во 1984, на кој по долги години повторно се видоа децата бегалци и нивните семејства. Во 1991 тој ја организираше и ја поддржа финансиски меѓународната кампања за признавање на Република Македонија како независна држава од страна на водечките светски сили. Битов ја зачна идејата дека дијаспората на Македонците треба да има организација што ќе ја водат професионалци, која ќе работи во полза на економскиот развој на Македонија. Ова резултираше со основањето на Македонија2025 од страна на неговиот син Џон И. Битов (Помладиот), Мајк Зафировски и други видни членови на дијаспората. Организацијата прерасна во најважниот состав на македонски професионалци од целиот свет кои помагаат Македонија да се подобрува и да напреднува на економски план. Џон Битов со гордост ја исполнуваше улогата на Почесен член на Македонија2025. Џон Битов има добиено бројни награди и признанија. Нему му беше врачено највисокото граѓанско признание на Канада, „Канадскиот орден“. Во Македонија тој беше почестен со највисокото признание за животно достигнување, за неговата посветеност кон Македонија, од страна на Претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов, а тоа е медалот „8 Септември“.

Сподели на Facebook и Twitter