На денешен ден

На денешен ден пред повеќе години 06 јули

1189 – Умре англискиот крал Хенри Втори Плантагент, основач на династијата Плантагент, кој во текот на владеењето од 1154 до својата смрт ја ограничи улогата на Црквата во сферата на судството и другите домени на судскиот систем со што значително ја зајакна кралската власт.

1415 – Во Констанца е запален на клада Јан Хус, чешки верски реформатор, народен борец, прочуен проповедник, професор и ректор на Универзитетот во Прага, книжевен и културен работник, реформатор на јазикот и на правописот. Особено е познат како борец против папската политика и претворањето на црквата во големопоседничка организација. Го криткуваше луксузот на црковните кругови и бараше од нив да се демократизираат, да не го експлоатираат народот. Роден е во 1370 година.

1533 – Умре италијанскиот писател Лодовико Ариосто. Дела: „Еп за Роланда“, комедиите „Негромант“, „Касрија“, лирски песни, сатири.

1535 – Во Тауер Грин е погубен Томас Мор, англиски хуманист и државник, писател на социјални, историски и теолошки дела, родоначалник на утопискиот социјализам. Тој одби да го признае кралот за црковен поглавар, па католичката црква го прогласи за светец. Најпознато негово дело е политичко-филозофскиот роман “Утопија”. Роден е во 1478 година.

1796 – Роден е рускиот цар Николај Први Павлович Романов, кој автократски владееше со Русија од 1825 се до смртта во 1855 година. Во првата година од владеењето го задуши востанието на декабристите (пролиберален бунт на петроградските полкови под влијание на модерните интелектуалци). Поради симпатиите кон непријателите на самодржавноста во периодот на неговата влада осомничени се многу руски интелектуалци, вклучувајќи ги Александар Пушкин, Михаил Љерментов, Висарион Белински, Тарас Шевченко.

1827 – Русија, Британија и Франција во Лондон потпишаа договор со кој ја признаа автономијата на Грција, а се согласија да извршат притисок и врз Османлиското царство за примирје со грчките востаници.

1835 – Роден е австрискиот надвојвода Фердинанд Максимилијан Први Јозеф Хабзбург, кој во 1864 година за цар на Мексико го наметна францускиот цар Наполеон Трети. Неговата намера беше преку него да оствари француско влијание во Мексико. Мексиканските републиканци ги победија интервенциските трупи и во 1867 година го стрелаа Максимилијан Први, а за претседател на Мексико повторно го избраа Пабло Хуарес, наречен „Вашингтон Мексико“, кој за време на француската интеревенција од 1861 до 1867 година го предводеше мексиканскиот народ во борбата за независност на земјата.

1885 – Францускиот научник Луј Пастер за првпат ја употреби својата вакцина против беснило. Овој историски потфат беше успешен.

1893 – Умре Ги де Мопасан, француски писател, еден од најдобрите претставници на натурализмот. Напиша шест романи и околу триста новели и раскази. Од романите најпознати се “Еден живот”, “Љубимец”, “Пјер и Жан”, а од збирките раскази и новели “Госпоѓицата Фифи”, “Ловечки приказни”, “Сестрите Рондоли” и “Страсти”. Роден е на 5 август 1850 година.

1908 – Во Османлиското царство изби Младотурската револуција под водство на младите офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид Втори.

1923 – Официјално е прогласено основањето на Светскиот Сојуз на Социјалистичките Републики (СССР), врз осова на Првиот сесојузен конгрес на советите одржан кон крајот на 1922 година.

1928 – Во Њујорк е одржана премиерата на филмот „Светла во Њујорк“, прв тонски филм во историјата на кинематографијата.

1962 – Умре американскиот писател Вилијам Фокнер, добитник на Нобеловата награда за литература во 1949 година. Дела: романите „Сарторис“, „Светлина во август“, „Комарци“, „Мечка“, „Диви палми“, „Војникова палата“, „Старец“.

1971 – Во својот дом во Корона на Лонг Ајленд, умре Луј Армстронг, познат под името “Сачмо”, американски некрунисан крал на џезот. Роден е во Њу Орлеанс, на 4 јули 1900 година.

1999 – Во Скопје умре г.г. Михаил (Методи Гогов), поглавар на Македонската православна црква. Беше делегат на Првото заседание на АСНОМ, еден е од иницијаторите и организаторите на Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Макдонија и поборник за возобновување на Охридската архиепископија, професор во Средното богословско училиште и професор и декан на Богословскиот факултет во Скопје. Напиша повеќе дела и преведе богослужбени книги. Беше поглавар четврти по ред, од 21 декември 1993 до 6 јуни 1999 година. Роден е во селото Ново Село, Штипско, на 20 март 1912.

2000 – Во Скопје умре Лазар Колишевски, народен херој на Југославија, од Македонија. Во март 1943 година при формирањето на ЦК КПМ е избран за секретар на ЦК, потоа беше член на АСНОМ, во 1945 година е избран за прв претседател на Првата народна влада на ДФ Македонија, а во 1953 година беше избран и за претседател на Народното собрание на НР Макеоднија. Извршуваше и низа други значајни функции во Републиката и во федералните органи на СФР Југославија. Беше првиот претседател на Претседателството на СФРЈ по смртта на Јосип Броз Тито. Роден е во Свети Николе, на 12 февруари 1914 година.

2004 – Умре австрискиот државник Томас Клестил, претседател на Австрија од 1992 година.

2009 – Умре Роберт Макнамара, архитектот на виетнамската војна, поранешен американски државен секретар за одбрана. Подоцна извесно време беше претседател на Светска банка.

2009 – Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев, во Москва го потпишаа документот насловен „Заеднички меморандум за разбирање за идно намалување на стратешкото вооружување“. Документот предвидува обострано намалување за 1.500 до 1.675 нуклеарни боеви глави во период од седум години.

Сподели на Facebook и Twitter