На денешен ден

На деешен ден пред повеќе години 11 јули

1533 – Папата Клемент Седми му се закани на англискиот крал Хенри Осми дека ќе го екскомуницира од римокатоличката црква ако не го обнови бракот со Катерина Арагонска, од која се разведе во мај 1533 година. Хенри Осми ја игнорира заканата, ги раскина сите врски со Ватикан и во 1534 година ја основа Англиканската црква – прогласувајќи се себе за нејзин поглавар.

1807 – Во Њујорк, по реката Хадсон, заплови првиот параброд под називот “Клермонт”. Го конструира Роберт Фултон. Со тоа е отворена нова епоха во развојот на бродарството.

1882 – Под изговор за задушување на арапскиот бунт во Египет, британските трупи ја нападнаа Александрија, а потоа го зазедоа Каиро и целата земја. Во заднината на тој поход, во стилот на “викторијанската ера”, намерата на Лондон беше да се добере до Суецкиот канал, пловен пат значаен за врските со источните колонии. На меѓународната конференција која следеше, Англичаните утврдија спогодба за безбедност на Суецкиот канал, што Египет го доведе до полна зависност од големите сили се до 1956 година, кога претседателот Насер го национализира Суецкиот канал.

1921 – Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.

1934 – Умре францускиот офицер од еврејско потекло Алфред Драјфус, кој во 1894 година беше лажно обвинет дека на Германија и открил воени тајни и беше осуден на доживотен затвор, само врз основа на сомневањата и изјавите на графолошките стручњаци. Беше испратен во најлошиот затвор во светот во Француска Гвајана. Во негова одбрана застана познатиот писател Емил Зола, кој во текстот под наслов „Обвинувам“ во весникот “L`oror” го објави отвореното писмо до претседателот на Републиката. Дури во јули 1906 година капетанот Драјфус е рехабилитиран, вратен во војската и унапреден во чин мајор.

1937 – Во Холивуд умре Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар. Автор е на познатата “Рапсодија во сино”, компонирана за клавир и оркестар. Негово најзначајно дело е операта за животот на американските Црнци “Порги и бес”. Роден е во Бруклин, на 26 септември 1898 година.

1978 – Во експлозија на цистерна со течен гас во шпанскиот медитерански туристички камп во местото Сан Карлос де ла Рапит загинаа најмалку 180 луѓе.

1979 – Американската вселенска станица “Скајлаб” по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.

1982 – Во Белград умре Меша Мехмед Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот “Дервишот и смртта”. Покрај тоа познати се неговите романи “Тишина”, “Тврдина”, “Магла и месечина”, “Круг”, како и збирките раскази “Првата чета”, “Туѓа земја” и други. Роден е во Тузла, на 26 април 1910 година.

1989 – Умре англискиот театарски и филмски актер, режисер и продуцент Лоренс Оливие, еден од најголемите толкувачи на ликови од делата на Вилијам Шекспир. Добитник е на голем број награди „Еми“, за ТВ-творештво, наградуван е на фестивалот во Кан, а доби и Оскар за филмот „Хамлет“. Останати филмови: „Хенри Петти“, „Ричард Трети“, „Три сестри“, „Ребека“, „Леди Хамилтон“, „Кери“, „Отело“, „Спартак“, „Картум“, „Маратонец“.

1995 – Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

2002 – Италијанскиот парламент им дозволи на машките наследници на престолот да се вратат во земјата, окончувајќи го после 56 години нивното бегство, како последица на соработката на припадниците на кралската куќа Савој со фашистичкиот режим на Бенито Мусолини.

2006 – Умре основачот и водачот на легендарната британска рок-група „Пинк флојд“ Сид Барет. Водачот на „Пинк флојд“ е роден како Роџер Барет во Камбоџа, а членовите на идната група Роџер Вотерс и Дејвид Гилмор ги запозна во училиште.

2008 – Умре Мајкл Дебејки, американски хирург, иноватор во областа на хирургијата на срцето и крвните садови. Дебејки уште во текот на студирањето работеше на усовршување и дизајнирање на некои од инструментите. Го разви вештачкото срце и срцевите пумпи кои се неопходни при пресадување. Светски познатиот хирург, работеше како професор на Бејлор факултетот во Хјустон, а беше и директор на прочуениот „Центар за срце“.

Сподели на Facebook и Twitter