По повод Денот на пожарникарството, денес Териоријалната противпожарна единица на општина Пробиштип изведе тактичко-показна вежба, која ја проследивме заедно со учениците од основното училиште “Браќа Миладиновци”.
Драги пожарникари ви го честитам денот, изразувајќи благодарност за вашата посветена работа, со што давате значителен придонес за безбедноста и сигурноста на сите граѓани.
Општина Пробиштип во изминатиот период значително ги подобри условите за работа преку набавка на опрема и ново возило, како и со екипирање на бројот на противпожарната единица и ќе продолжи да работи за уште подобри услови на пожарникарите.
Честит нека ви е Денот на пожарникарството, бидете живи и здрави и секогаш горди на вашата професија.
Општина Пробиштип