ИЗЛОЖБА „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“

Автор: Рубинчо Белчески – историчар кустос советник, Национална установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп

Со започнувањето на процесот за независноста и осамостојувањето на Република Македонија се почесто се зборуваше за името на ,,големиотмакедонец, борец, деец и политичар, МЕТОДИЈА АНДОНОВЧЕНТО, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.

Од тој период до денес, повеќе историчари, публицисти други личности, вклучувајќи го и синот на ЧЕНТО, Илија Андонов, напишаа повеќе публикации, а беа издадени и зборници за животот и делото на човекотвизионер, кој уште во минатото знаеше дека Македонија еден ден, ќе стане независна и самостојна држава.

Во чест на ЧЕНТО, подигнати се повеќе меморијални споменици, спомен обележја, а воедно, создадени се и повеќе уметнички и други дела.

Желба ми беше и јас да дадам свој придонес во расветлувањето, а пред се во презентирањето на ликот и делото на ЧЕНТО, создавајќи едно дело, но со поинаква форма и содржина од досегашните напишани дела за него.

Така, ја започнав својата ,,собирачкадејност.

                Изложбата ,,ЧЕНТО БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА, содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, гледачот, растеретен од читање на долги текстови, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваатза ,,животот на ЧЕНТО после смртта”. 

Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани кои ги дообјаснуваат „замрзнатите” моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на ЧЕНТО, како и други „нешта” ја прават истоимената фотомонографија која дополнително беше публикувана, а која го заокружи во целост овој проект за непоколебливата личност со извонредно богата биографија.

Ако една изрека вели: ,,Една фотографија, илјада зборови, тогаш можете да замислете колку зборови содржат овие фотографии.

Проектот го реализирав истражувајќи низ Прилеп и пошироко, низ Републиката и притоа во голема мера ми помогна семејството на ЧЕНТО, особено синот Илија АндоновЧенто и ќерката Марија Јакимоскиа, на кои им изразувам голема благодарност за соработката. Воедно, благодарност изразувам и до поголем број установи и поединци кои несебично ми помогнаа во реализација на проектот, а пред се на мојата работна организација, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и МузејПрилеп  и на  Министерството за култура за финансиската поддршка на целокупниот проект.

Изложбата досега беше отворена во повеќе градови (општини) низ РС Македонија.  

Автор на изложбата и фотомонографијата:

Рубинчо Белчески    

Сподели на Facebook и Twitter