Изложба на ликовни дела од Лесновската ликовна колонија 2022 година

Салон на Дом на култура ,,Злетовски Рудар" - Пробиштип 07 Септември 2022 година 13ч.

Далечната 1992 година започнува  приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија“. Од тогаш па се до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на нашата општина 

Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, кои Домот на културата ,,Злетовски рударги чува грижливосо гордост изложувајќи ги во скоро сите Домови и центри за култура.   

Проектот  ,,Meѓународна  Лесновска Ликовна колонија 2022“  е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 годинаод областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот. 

Главен покровител наЛесновската Ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор  е Дом на културата ,,Злетовски рударод Пробиштип. 

Оваа година на колонијата учество зедоа 14 учесници, а колонијата се одржа од 28.06.2022 до 03.07.2022 година. 

На утрешната изложба ќе може да ги погледнете делата изработени од  Дарко Заревски, Ѓоко Антониев, Димитар Димитров,  Новица Трајковски,  Александар Поповски, Христина Стојчевска, Владимир Темков, Горан Боев, Тони Чатлески, Соња Р. Јовановски, Васил Гаврилов, Бисер Лапев, Десислава Лапева и Наташа Радосавлевиќ  

Повелете, ве очекуваме утре во 13:00 часот во салонот во Дом на културата ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип. 

Дом на култура ,,Злетовски Рудар” – Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter