Концерт на „ДУО СКУПИ” во Пробиштип

Музика со уникатен и несекојдневен спој на класиката со народната песна
Во четврток на 8 јуни во киносалата ,,Рудар” со почеток во 19:00 часот концерт ќе одржи „Дуо Скупи” составено од Јета Старова-Мехмети (флејта) и Ермаљ Мехмети (виолина).
Музика со уникатен и несекојдневен спој на класиката со народната песна, музика која ви ја плени душата, ве воздигнува и која пред сè гради мостови меѓу народите.
Ве очекуваме!
Дом на култура „Злетовски рудар“ Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter