„Лесновска Ликовна колонија 2023“

Оваа година на колонијата учество зедоа 17 учесници, а колонијата се одржа од 28.06.2023 до 02.07.2023 година

Далечната 1992 година започнува приказната наречена ,,Лесновска ликовна колонија”. Од тогаш па се до денес Ликовната колонија прерасна во голема културна манифестација, која денес е препознатлив белег на нашата општина.

Стотици уметници од многу краеви на светот беа дел од Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, кои Домот на културата ,,Злетовски рудар” ги чува грижливо, со гордост изложувајќи ги во скоро сите Домови и Центри за култура.

Проектот ,,Meѓународна Лесновска Ликовна колонија 2023” е избран на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2023 година, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

Главен покровител на „Лесновската Ликовна колонија” е општина Пробиштип, а организатор е Дом на културата ,,Злетовски рудар” од Пробиштип.

Оваа година на колонијата учество зедоа 17 учесници, а колонијата се одржа од 28.06.2023 до 02.07.2023 година.

На изложбата ќе може да ги погледнете делата изработени од Дарко Заревски, Ѓоко Антониев, Христина Стојчевска, Горан Боев, Тони Чатлески, Васил Гаврилов, Бисер Лапев, Бисер Кирилов, Валентина Илијевска, Јован Иванов, Ѓорги Иванов, Филип Јовески, Драган Кузманоски, Силвана Миленкова, Бојан Тосевски, Мики Иванов и Данчо Ордев.

Повелете, ве очекуваме во четврток во 13:00 часот во салонот во Дом на културата ,,Злетовски Рудар” Пробиштип.

Сподели на Facebook и Twitter