Mакедонско српската комедија ,,Обвинителка” во Пробиштип

Кино „Рудар“ Пробиштип, 25.04.2023 година, 20:00 часот, влез 200 денари

Mакедонско српската комедија ,,Обвинителка”.
Играат:
Лидија Вукиќевиќ 
– Магдалена Ризова – Черних 
– Сашо Ристовски 

Автор: Огнен Неделковски
Режија: Сашо Ристовски
Сценографија: Крсто Богојевски
Костимографија: Елена Лука
Музика: Мишел Трајковски
Техничко водство: Диди 

Оваа комедија веќе ги полни салите ширум Македонија, а се подготвуваат и изведби во Србија и дијаспората. 

Во оваа комедија каде Вукиќевиќ ја игра главната улога на сцена ќе ги видиме и македонските актери: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.
,,Обвинителка” ја третира денешната состојба во општеството. Одговара на низа прашања, како е да си обвинителка, како е да си вработен во обвинителство, како се бараат начини за спас од обвинение, љубов, ризик, бегство…
Низ многу комични ситуации публика ќе ужива во брилијатната актерска енергија и ќе се насмее до солзи. 

Оваа претстава е базирана на соработка на уметници од Македонија и Србија, а интересот за оваа хит комедија е огромен во целиот регион. 

25.04.2023 
Киносала ,,Рудар”
20:00 часот
Влез: 200 денари 

Сподели на Facebook и Twitter