Почитувани сограѓани,
Ве покануваме на отварање на изложба од Меѓународна Ликовна колонија ,,Ѓуриште“ 2022. Изложбата ќе се одржи во четврток, 13.10.2022 година со почеток во 13:00 часот во салонот при Дом на културата ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип.
Ликовната колонија„ Ѓуриште“ датира од 1999 година. Организатори на оваа колонија се Локалната самоуправа на Општина Свети Николе и Општинската установа Дом на културата „Крсте Мисирков“ Свети Николе. На истата досега имаат учествувано голем број на ликовни уметници од земјава и од регионот. Инспирирани од најразлични мотиви, поттикнати од своите внатрешни емоции, од прекрасниот овчеполски амбиент, користејќи разнообразна сликарска и воопшто ликовна лексика и техника по сопствен избор, тие изработуваат уметнички дела кои остануваат во сопственост на организаторот.
Ликовната колонија „Ѓуриште“ 2022 се одржа од 15 -20 август. На истата учествуваа 10 ликовни уметници од Бугарија, Црна Гора и од нашата земја, кои ја збогатија ризницата на Домот на културата со 20 прекрасни уметнички дела кои ќе останат да сведочат за убавото и вечното.
Дом на култура „Злетовски рудар“ – Пробиштип