Вчера учениците од основните училишта во општина Пробиштип ја проследија претставата ,,Зеленковци”.
ЗЕЛЕНКОВЦИ е едукативно еколошка – интерактивна претстава за најмалата публика на ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје. Тоа беа денски претстави, а вечерниот термин беше резервиран за урнебесната комедија „Пациенти“ , претстава во режија на Ѓорѓи Ризески и актерска екипа: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски. Повеќе околу овој театарски петок од разговорот со Роберт Ристов.