Промоција на две книги во Домот на културата „Злетовски рудар “ во Пробиштип

Емилија Златкова Анастасова ќе има промоција на две нејзини книги, најновата ,,Одмазда“ и ,,Детето во снегот“.
Емилија Златкова Анастасова е македонска писателка. Од петтата година живеела во Пробиштип, каде завршува основно и средно училиште. Завршува македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Плоден автор, основач на издавачката куќа „ЗБОР“ и главен уредник во истата.
Моментално живее и работи во Велес.
Емилија во Пробиштип ќе  гостува со промоција на две нејзини книги, најновата ,,Одмазда“ и ,,Детето во снегот“.
Промотор ќе биде Ивана Јанева.
Промоцијата ќе биде во петок  11.11.2022 година во 18:00 часот во конференциската сала при Дом на културата ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип.
Сподели на Facebook и Twitter