Промоција на „ЕМОТИВЕН ТАЛОГ“ во Пробиштип

Познатиот водител Огнен Јанески ќе биде модератор на книжевната вечер со Ана Јовковска

Почитувани сограѓани, 

 За првпат во Пробиштип на 6 март ќе ни гостува Ана Јовковска. Ана е новинарка, водителка, продуцентка, активистка, хуманистка и творец на тв проектот ,,Пулс“. Авторка е на повеќе текстови од областа на медиумите, културните идентитети, креативните индустрии, родовите студии, филмот и друго, а како магистрант по комуникации, учествувала и во неколку научни истражувања од областа на комуникологијата и културните студии. Зад неа се веќе 20 години на континуирана работа, а во Пробиштип ќе ни се претстави на книжевна вечер со промоција на нејзината книга ,,Емотивен талог“, во издание на ТРИ.  Модератор на настанот ќе биде популарниот водител Огнен Јанески. 

Ве очекуваме на 6 март, со почеток од 19:00 часот во конференциската сала при Дом на културата ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип.

Дом на култура ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter