Пред повеќе од 20 години кај Борис Максимовски – Боро се родила желбата целосно да го запознае минатото на неговото родно село Кундино.
За да ја оствари таа желба почнал да собира материјали од минатото, постари луѓе му раскажувале за минатото и што слушале од нивните предци.
Сите тие податоци се склопени во монографијата „ОД НАШЕТО НАЦИОНАЛНО И ЛОКАЛНО МИНАТО И ЖИВОТОТ ВО СЕЛО КУНДИНО“.
Повелете во петок на 27.10.2023 година на промоција на монографијата.
Промоцијата ќе започне во 18:00 часот во конференциската сала при Дом на културата ,,Злетовски Рудар” Пробиштип.
Дом на културата ,,Злетовски Рудар” Пробиштип