Создадените дела од Ликовната колонија ,,Караманов“ утре ќе бидат претставени пред љубителите на уметноста во Пробиштип

Салон при Домот на културата ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип, 29.11.2022 година 12.00 часот

Утре 29.11.2022 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во Салонот при Дом на културата ,,Злетовски Рудар“ Пробиштип ќе биде отворена изложба на ликовни дела од Ликовната колонија ,,Караманов“. Ликовната колонија КАРАМАНОВ во континуитет се организира веќе петнаесет години, а од 2018 година прерасна во меѓународна. Според концептот е карактеристична по тоа што уметниците творат заедно со младите уметници од општина Радовиш, односно дел од креативното време го минуваат заедно, реализирајќи ликовни работилници за развивање и усовршување на повеќе сликарски техники. Досега се реализирани повеќе изложби во општина Радовиш и надвор од неа како на делата од еминентните домашни и странски сликари така и на делата создадени од учениците.

Сподели на Facebook и Twitter