Вечерва проекција на филмот СЕСТРИ

Грицки и освежителни пијалоци за младите кои ќе присуствуваат, ќе бидат обезбедени од наша страна .

Филмска вечер!

Ги покануваме сите млади на филмска вечер денеска, СРЕДА (22.11), од 17:00 часот.

Името на филмот е СЕСТРИ (Sisterhood), а приказната е за две млади другарки кои се неразделни, но една случка го става нивното пријателство во прашање. Во филмот акцент е ставен на влијанието на друштвото врз менталното здравје кај младите. Ова филмско остварување е светски познато и долго време се наоѓа на платформата Netflix со милионски прегледи, бидејќи  нуди одлична приказна за гледачите. Филмот е во склоп на нашиот проект за ментално здравје, застапување за зголемување на свесноста кај младите за ментално здравје.

Ве покануваме да дојдете и заедно да дознаеме за каква случка во филмот станува збор и како ќе се развива приказната со другарките.

Грицки и освежителни пијалоци за младите кои ќе присуствуваат, ќе бидат обезбедени од наша страна.

Младински центар

Сподели на Facebook и Twitter