79 годишнина од нападот на рудниците за олово и цинкова руда од страна на третата бригада на НОБ

Со должна почит и со наклон пред спомен обележјето присутните ја покажаа големата почит кон паднатите борци
На Спомен паркот „Братство и единство“ во Пробиштип со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето на паднатите борци од делегации на Совет на општина Пробиштип, општина Пробиштип, Продолжувачите на делото на НОБ, Здружение на пензионери од Пробиштип и претставници на политичките партии се одбележа 79 годишнина од нападот на рудниците за олово и цинкова руда од страна на третата бригада на НОБ, на кое место загинале многу борци и херојот на настанот Доне Божинов.
Со должна почит и со наклон пред спомен обележјето присутните ја покажаа големата почит кон паднатите борци, а во нивна чест се одржа историски час, а секако се прочита и песната Пробиштип на Доне.
Општина Пробиштип
Сподели на Facebook и Twitter