МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР: „Хакатон на идеи“

ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА БИЛО КОЈА ОД НАВЕДЕНИТЕ МОЖНОСТИ Е ДО 22.11.2023 (Среда) Настанот „Хакатон на идеи“ ќе се одржи на 01.12.2023 (Петок) и 02.12.2023 (Сабота)

Сакате ли да ги испробате границите на вашиот креативен потенцијал и да го претворите вашиот концепт во реалност?

Ако ДА, ве покануваме наХакатонот на идеи“, каде што иновациите се првиот чекор, а идеите се трансформираат во дела. Зошто да се приклучите: Не дозволувајте вашите идеи да останат само концепт!

Хакатон на идеи“ е вашата прилика да ги раширите крилата на креативноста и иновациите. Постојано зборуваме за тоа како во Пробиштип има голем број проблеми кои треба да се решат. Сега е време нашите зборови да ги претвориме во дела.

Овој проект е место каде што младите ќе споделат идеи за решенија на одреден проблем преку работа со ментор кој ќе биде тука да ги води низ процесот и да им помага на младите креативци да дојдат до соодветно решение. Пробиштип е дом на еминентни писатели, доктори, уметници, активисти, спортисти, музичари, креативци од сите полиња кои преку овој хакатон ја имаат моќта да го употребат своето знаење и искуство и преку менторирање на тим на млади луѓе заедно со младите да создадат подобар Пробиштип за сите нас.

Сѐ што е потребно за да бидете ментор е да имате над 20 години и желба за подобро утре. Доколку сакате да се пријавите за ментор тоа може да го направите на овој ЛИНК, или подетални информации може да најдете на овој ЛИНК.

Доколку поради работното време или било која причина немате време да бидете ментор, вие можете да номинирате група на млади кои сакаат да учествуваат во овој настан. Ако кај одредени млади препознавате креативност, уметност, оргиналност и/или потенцијал може да ги номинирате на следниов ЛИНК. Повеќе информации за номинирањето може да најдете на овој ЛИНК.

За учество не е потребно да имате веќе развиена идеја, за тоа ќе имате време на самиот настан. Развивањето и презентирањето на идеите и решенијата ќе се реализира во текот на два дена, а најдобрите три идеи кои ќе бидат изгласани од стручното жири составено од три члена ќе ги наградиме со по 600 евра буџет кои ќе бидат наменети за реализација на решенијата. За да се пријавите за член на жири комисијата потребно е да имате над 27 години.

Пријавете се за член на жири комисија на овој ЛИНК. Подетални информации можете да најдете на овој ЛИНК 

ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА БИЛО КОЈА ОД НАВЕДЕНИТЕ МОЖНОСТИ Е ДО 22.11.2023 (Среда) НастанотХакатон на идеиќе се одржи на 01.12.2023 (Петок) и 02.12.2023 (Сабота)

Не дозволувајте оваа можност да остане само тоа, претворете ја во дела кои ќе креираат подобра иднина за нашиот град! 

Сподели на Facebook и Twitter