Одбележан 3ти Декември – Меѓународниот ден на лица со инвалидност

Годишното одбележување на 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност започна во 1992 година, со резолуција број 47/3 на Генералното собрание на Обединетите нации. Одбележувањето на денот има за цел да го промовира разбирањето за проблемите на лицата со инвалидност и да мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на овие лица. Исто така, со активностите во рамките на одбележувањето, националните инвалидски организации се обидуваат да ја зголемат свеста за придобивките што произлегуваат од интеграцијата на лицата со инвалидност во секој аспект на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

Во Пробиштип овој ден беше одбележан вчера со посета на Градоначалникот и советниците на Општина Пробиштин на Дневниот центар за лица со посебни потреби.

„Одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти Декември во присуство на Градоначалникот на Општина Пробиштип г-дин Драган Анастасов -Ладич со претставници од Советот на Општината кој одвои време за разговор со нашите корисници и заедно им подарија подароци како и секоја година. Благодарност и до Детската градинка Гоце Делчев за нивната донација која е од големо значење за Дневниот центар. Денот го завршивме со забава, оро и слатко задоволство донација од УЖ на ВМРО-ДПМНЕ“ .

Дневен центар Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter