Преку рециклирање до почиста животна средина

Добивме информации од наставниците дека децата биле толку среќни што можат да помогнат во зачувување на нашата планета, што сами формирале групи и после часови ги собирале фрлените шишиња низ улиците на Пробиштип, а не само оние кои ги користат во училиште.
Преку натпреварот за рециклирање на пластични шишиња организиран од ПХВ групата Флористи, денес рециклиравме 70кг пластика од шишињата кои учениците од ООУ”Браќа Миладиновци” и ООУ”Никола Карев” ги собираа во последните 4 недели. Со рециклирањето добивме и симболична сума како откуп, која ќе биде употребена за купување на садници дрво, кои заедно со победничките класови ќе ги засадиме и ќе го разубавиме Пробиштип. Добивме информации од наставниците дека децата биле толку среќни што можат да помогнат во зачувување на нашата планета, што сами формирале групи и после часови ги собирале фрлените шишиња низ улиците на Пробиштип, а не само оние кои ги користат во училиште.
Сподели на Facebook и Twitter