Рефлексија на ЦКА ПХВ 2023 Пробиштип

Денес официјално завршено со документирање на сработеното и креирање на видео од секој проект кои се испратени кај соодветните служби на Црвен Крст на Р.С. Македонија и ќе бидат оценувани во конкуренција со 29 други општини во нашата држава.

                       Ангела Георгиевска 

Веќе 6 години активно учествувам во ЦКА ПХВ малите проекти, но оваа година е посебна бидејќи прв пат учествувам како дисеминатор. Денес ги испративме видеата и документите од напорни 2 месеци работа со 23 нови волонтери и 5 мини ментори како дел од ЦКА ПХВ циклусот 2023. 

 Успеавме да направиме 4 мали проекти и особено сум задоволна бидејќи опфативме повеќе области односно 3 акции во заедница – еко проект, пружање помош на социјално загрозена лице и помош за уличните животни, и 1 интеркултурен проект. Пријатно сум изненадена од амбициозноста на новите волонтери, желбата за подобрување на нашето општество и тоа што секој од нив веќе стана активен граѓанин на Општина Пробиштип. Морам да признаам дека моите очекувања се надминати.  

Нештото по што оваа година се разликува од останатите за ООЦК Пробиштип како дел од ЦКА ПХВ е упорноста и тоа што наидовме на премногу пречки, но ниту една идеја не беше отфрлена туку беше прилагодена кон условите во кои работевме.  

Целиот процес беше успешен благодарение на огромната заангажираност на мини-ментори (младинци кои минатата година изработуваат ПХВ проекти) а тоа се Сандра Андонова, Бранислав Бранковски, Марта Ташевска, Матеј Димитриевски и Ева Илиевска и затоа во име на ООЦК Пробиштип им упатувам голема благодарност!  

Секако клучен момент за постигнување на резултатот беше огромната поддршка од нашиот секретар Митко Георгиев и нашиот претседател Јово Стојчевски! А исто така упатувам и голема благодарност до граѓаните кои ги поддржуваа нашите настани, како и нашите најголеми соработници Општина Пробиштип, Градинка “Гоце Делчев”, ООУ “Никола Карев”, ООУ “Браќа Миладиновци”, Младински Центар Пробиштип, Berlin Wall Bar, Blue Note Cafe, Пробиштип Инфо и сите останати кои на некој начин придонесоа за успех на целиот циклус.  

Денес официјално завршивме со документирање на сработеното и креирање на видео од секој проект кои ги испративме кај соодветните служби на Црвен Крст на Р.С. Македонија и ќе бидат оценувани во конкуренција со 29 други општини во нашата држава.  

Држете среќа!

ЦКА ПХВ дисеминатор Ангела Георгиевска

#phv2023 #ПХВ #redcross #youth Видеата од секој проект можете да ги погледнете во продолжение: 

(217) 🙋‍♀️🙋🏾‍♂️Сите сме исти, сите сме деца #phv2023 #ПХВ #redcross #youth – YouTube

(217) 🐾☀️Сонце грее и за нашите шепасти пријатели #phv2023 #ПХВ #redcross #youth – YouTube

(217) 🌍☀️Еко свест – еко свет #phv2023 #ПХВ #redcross #youth – YouTube

(217) 🖐♥️Подај рака и скрати нечија мака #phv2023 #ПХВ #redcross #youth – YouTube

 

 

Сподели на Facebook и Twitter