Рудари од рудникот Булмак 2016, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово заминаа за Турција

Со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1, донирате 100 денари за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Екипа вработени рудари од рудникот Булмак 2016, во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, утрово замина за Турција да помогнат на луѓето кои се погодени од силниот земјотрес. 

-Веста за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија не погоди сите, во вакви моменти ја покажуваме хуманоста и солидарноста на нашите граѓани. 

Им посакуваме успешно да ја завршат својата хумана мисија. 

На сите граѓани од Турција и Сирија, им изразуваме најдлабоко сочувтсво за големите човечки загуби. 

Никогаш да не се повторат вакви катастрофи. 

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: 

Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија. 

Драган Анастасов – Градоначалник на Општина Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter