Тешко повреден работник во Пробиштип

Тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фирма во Пробиштип.

На 09.04.2023 во 17.55 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Т.(39) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фирма во Пробиштип. Бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот.

Билтен МВР

Сподели на Facebook и Twitter