Thanksgiving вечера и дружба во Младинскиот Центар

Секој од присутните може да донесе нешто за јадење, за сите заедно да се забавуваме, дружиме и дегустираме вкусна храна

THANKSGIVING Нашиот English Club огранизира thanksgiving вечера и дружба во Младинскиот Центар, која воедно ќе биде и добредојде забава за нашиот нов волонтер Крис (Кико) и нашите гости Лорен и Алекс, кои ни доаѓаат од САД.

Оваа забава ја организираме заедно со Дара, која веќе една година е со нас и го води нашиот Клуб за Англиски.

На овој настан сите присутни ќе имаат можност да се запознаат со историјата на Thanksgiving празникот, кој е еден од најголемите и најзначајни празници во САД, да се запознаат со нашите волонтери и гости, да продискутираат на различни теми и сите заедно да ја искажат својата благодарност.

Самиот настан ќе се одржи на 29.11.2023 (Среда) од 17:00 часот во просториите на Младинскиот центар.

Секој од присутните може да донесе нешто за јадење, за сите заедно да се забавуваме, дружиме и дегустираме вкусна храна.

Ги покануваме сите млади од Пробиштип да учествуват на овој настан, ве очекуваме и благодарни сме што ве имаме.

 

Младински центар Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter