Тимбилдинг средба на волонтерите на Младински центар – Пробиштип

Сакаме да изразиме голема благодарност до СМР и РИКО за поканата и за оваа прекрасна можност за нашите млади и се надеваме на понатамошна соработка.

Тимбилдинг средба за нашите волонтери.

На ден 27.11.2023 (Понеделник) нашите волонтери заедно со дел од вработените беа дел од тимблдинг сесија одржана во Скопје, која беше орагнизирана од Сојуз за младинска работа во колаборација, Регионалната младинска канцеларија за соработка во Скопје.

На оваа средба учествуваа млади и младински работници и од другите општински младински центри (Битола, Кавадарци, Велес и Охрид).

На  средбата имаа можност да дознаат повеќе за СМР (Сојуз за младинска работа) и РИКО (Регионалната младинска канцеларија за соработка во Скопје.) како и за самите можности кои овие огранизации можат да им ги понудат на нив како млади.

Сите учесници по сесијата имаа можност да бидат дел од тимска активност куглање, каде остварија нови пријателства и можности за соработка во иднина.

Сакаме да изразиме голема благодарност до СМР и РИКО за поканата и за оваа прекрасна можност за нашите млади и се надеваме на понатамошна соработка.

Валентино Нанев  – Младински центар

Сподели на Facebook и Twitter