ЗЕЛНИКОТ НА БАБА 2023

Сите наши сограѓанки кои сакаат да учествуваат на оваа убава манифестација да се пријават во Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип

Почитувани сограѓанки, 

На 18 март 2023 година (сабота) со почеток во 11,30 часот на градскиот плоштад ќе се одржи десетото издание на манифестацијата „Зелникот на баба“. Вообичаено ќе бидат изложени сите изработки од тесто на вредните наши сограѓанки и секако гостите. На лице место ќе се демонстрира како се изработува овој наш традиционален специјалитет и печење под вршник. Ќе има натпревар во брзо сукање, а ќе има и едукација за изработка на зелник. Ќе бираме и нај етно украсена маса. Ги повикуваме сите наши сограѓанки кои сакаат да учествуваат на оваа убава манифестација да се пријават во Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип или на телефон 483 – 131, локал 107, каде ќе ги добијат сите потребни информации за учество. 

ОПШТИНА ПРОБИШТИП  ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ 

 

Сподели на Facebook и Twitter