Активности на Здружението за заштита и благосостојба на животните ВИТА МАКСИМА-Пробиштип

Нашите идни планови се продолжување на активностите околу контролата на размножувањето, секако вообичаеното хранење и лекување на што повеќе единки, а најважно од се е изградба на стационар, со што трајно би се решил овој горлив проблем за Пробиштип, за што имаме подршка и ветување за максимална помош од градските власти и Градончалникот.

Како што ветивме при формирањето,   Здружението за заштита и благосостојба на животните ВИТА МАКСИМА -Пробиштип, во своето работење ќе биде максимално транспарентно со постојан отчет пред граѓаните. 

Во во првите 3 месеци од нашето постоење акцентот беше ставен на контролата на размножување на бездомните животни. Бевме дел од проектот на ЦКА-ПХВ, преку кој се собраа средства за стерилизација/кастрација на 8 животни. Преку донации и лични средства на активистите беа стерилизирани/ кастрирани уште десетина. 

Имавме активно учество во спасување и прибирање на сигурно на 7 младенчиња ( куче, маче), од кои неколку веќе се и успешно се вдомени. 

Преку нашиот проект ,, Не купувај- вдоми“ од улица тргнавме повеќе од 15 животни ( куче/ маче). 

Со лични средства на активистите се прочистени од внатрешни и од надворешни паразити повеќето млади бездомни единки, а и неколку возрасни. 

Преку синџирот волонтери храниме голем дел од бездомните животни со што ја намалуваме можноста од нивно агресивно однесување поради глад.  

Сите овие активности ги имаме благодарение на повремените донации од храна и финансии, но најголем дел се од лично вложени средства на активистите.
Треба да се спомнат и неколкуте заболени единки што ги лекувавме и воедно да се заблагодариме на ветеринарните доктори што имаат разбирање дека работиме со минимални ресурси.  

Нашите идни планови се продолжување на активностите околу контролата на размножувањето, секако вообичаеното хранење и лекување на што повеќе единки, а најважно од се е изградба на стационар, со што трајно би се решил овој горлив проблем за Пробиштип, за што имаме подршка и ветување за максимална помош од градските власти и Градончалникот.  

Апелираме до сите граѓани да се вклучат на начин соодветен за нивните можности и да допринесат Пробиштип да стане град без напуштени животни по улиците, секако запазувајки ги законските рамки како и благосостојбата на истите.
Би биле благодарни и на било каква помош во храна или финансиски средства ( за кои ќе добиете отчет), бидејки колку и да сакаме, без ресурси не можеме да направиме ништо.
Потенцијалните средства, макар и минимални, можете да ги упалтите на ж-ска: 

210-076621060166 НЛБ. 

За помош од храна и друго контактирајте не преку нашата фејсбук група ВИТА МАКСИМА -ПРОБИШТИП.  

Во галеријата следуваат фотографии со дел од бездомните единки кои беа цел на нашите активности ( стерилизација/кастрација, вдомување, спасување, редовно хранење…) 

Сподели на Facebook и Twitter