Општина Пробиштип врз основа на барање од месните заедници и со поддршка од Советот на општината воведува бесплатен линиски превоз за повеќе населени места во рамки на територија на општина Пробиштип.
На денешниот состанок со претседателите на месните заедници разговаравме за важноста на овој проект и бенефитот којшто ќе го имаат нашите граѓани кои живеат во населените места Злетово, Ратавица, Древено, Добрево, Турско Рудари, д. Стубол, г. Стубол, Плешенци, Стрмош, Неокази, Петршино, Трипатанци, Бучиште, Гујновци, Гајранци, Пишица, за кои општината ќе обезбеди линиски бесплатен превоз, согласно потребите кои ќе се идентификуваат, ќе врши превоз еднаш односно двапати неделно.
Во периодот што следи општината ќе распише јавна набавка за избор на превозник што ќе ги извршува овие усуги и очекуваме линиите да започнат во втората половина од месец јуни.
Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови на сите граѓани.
Општина Пробиштип