Бидете дел од летната младинска академија

Седмично, секој учесник би потрошил околу 3 часа: скоро секоја седмица ќе се одржува по една работилница со времетраење од 90-180 минути; во „празните“ седмици, се очекува учесниците да работат индивидуално или во групи на задачи кои нема да им одземат повеќе од 120 минути.

Повик за учесници на Летна младинска академија: животни вештини за млади лидери.

Имаш од 15 – 24 години и сакаш различно лето: забавно, во дружење, корисно за тебе и за твојата заедница…? Тогаш нашата „Летна младинска академија: животни вештини за млади лидери“ е за тебе!

Пријави се веднаш (а најдоцна до 10 јуни!) преку овој формулар.  https://forms.gle/BneMGfj9rqdszTB67

Летна младинска академија – КОГА ? Од јули– крај на август 2023 (точните термини ќе ги договориме). Седмично, секој учесник би потрошил околу 3 часа: скоро секоја седмица ќе се одржува по една работилница со времетраење од 90-180 минути; во „празните“ седмици, се очекува учесниците да работат индивидуално или во групи на задачи кои нема да им одземат повеќе од 120 минути.

Летна младинска академија – КАДЕ ? За младите од Штип, Кавадарци, Струмица, Битола, Пробиштип и Велес, работилниците ќе се одржуваат во Младински центри и други простори.

Со младите од другите градови – во колку има доволен број пријавени – ќе работиме он-лајн (на Зоом) Летна младинска академија – ШТО ЌЕ СЕ ПРАВИ/РАБОТИ ? Дискусии за прашања важни за младите; учесниците ќе имаат можност да осмислат и спроведат локални иницијативи; Подобрување на знаења, информираност, вештини (за: младинско учество во заедницата/општеството, ефективна комуникација, јавно говорење, тимска работа и соработка, лидерство и носење одлуки, волонтерство…) Запознавање и дружење со млади и од други градови… Сето тоа – со поддршка од подготвени младински работници и активисти од младинските центри и вклучените младински и организации за млади.

П.С. – Со своето вклучување во Летната младинска академија ќе допринесете и во истражување за мерење на импактот од младинската работа, чии резултати подоцна ќе се искористат за подобрување на можностите за младите во целата држава! Важно! На крај (август/септември), младите од сите општини кои успешно ќе ја завршат академијата, ќе имаат можност да се дружат на едно место на заедничка завршна работилница и доделување на сертификати. (Сертификати ќе добијат оние кои учествувале во најмалку 75% од активностите).

Кој го организира ова? Сојузот за младинска работа, заедно со Младински Центар Пробиштип.

Сподели на Facebook и Twitter