Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности

Во период 09.02.2023-25.02.2023 во склоп на ЦКА ПХВ програмата циклус 2023 се одржаа 3 обуки на кои учество зедоа 30 младинци на возраст 13-17 години.

Во период 09.02.2023-25.02.2023 во склоп на ЦКА ПХВ програмата циклус 2023 се одржаа 3 обуки на кои учество зедоа 30 младинци на возраст 13-17 години од ООУ”Никола Карев”, ООУ”Браќа Миладиновци” и СОУ”Наум Наумовски Борче” – Пробиштип.

ЦКА ПХВ (Црвен Крст во акција промоција на хумани вредности) е алатка за регрутирање на волонтери со која се работи дваесетина години на национално ниво, а ООЦК Пробиштип активно зеде учество и оваа година. На годишно ниво просечно се вклучуваат 800-1200 младинци кои изработуваат 120-180 мали проекти со кои се собираат околу 25000 евра во донации и се помага на 2500 корисници на различни начини.

Нашите младинци на обуките се запознаа со работата на Црвениот Крст, начинот на изработување на мали проекти со кои прават големи промени во својата заедница и како да ги документираат истите кои на крај ќе бидат оценети од страна на искусни инструктори и ментори на програмата. Освен 30 младинци во изработката ќе бидат вклучени и 5 мини ментори кои предходната година за прв пат изработуваа мали проекти со своја поддршка. Обуките беа спроведени од страна на дисеминатор Ангела Георгиевска.

Ангела Георгиевска

 

 

 

 

Сподели на Facebook и Twitter