Фатени сторители на „тешки кражби“ во Пробиштип

Дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените.

На 05.10.2022 година во 00.30 ч , полициски службеници од ОВР Пробиштип, ги лишиле од слобода  Р.П. (31) и Д.С. (34) од Пробиштип. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изведба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип. По превземени мерки , полициските службеници  расчистиле уште 13 кривични дела за кои постои основи на сомнение дека се извршени од  Р.П. (31) од Пробиштип. Во службен разговор во полициската станица во Пробиштип тој признал дека во периодот од јули 2022 до октомври 2022 година ,на подрачјето на ОВР Пробиштип извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ со кои се оштетени 4 правни и 2 физички лица од Пробиштип, едно кривично дело загрозување на сигурноста извршено врз работник од обезбедување во рудник и едно кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените.На 05.10.2022 , против Р.П. до ОЈО Штип е поднесена кривична пријава , а од судија на предходна постапка одредема му е мерка притвор и е спроведен во затвор Куманово.

Извор: Билтен МВР

Сподели на Facebook и Twitter