Голема акција на МВР – Приведени 9 лица кај кои било пронајдено оружје и дрога

На 09 и 10.02.2023, од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога на територијата на државата беа спроведени координирани зајакнати активности за откривање на сторители на кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога и оружје

На подрачјето на СВР Штип, полициски службеници од СВР Штип, по претходно издадена судска наредба, извршија претреси кај 10 лица во Штип, Делчево, Виница, Кочани, Берово,  Свети Николе и Пробиштип, сите во куќи и помошни простории.

– За време на претресите се пронајдени и одземени марихуана, таблетки, осум ќеси со прашкаста материја, едно пакување со грутчеста материја, семки од канабис, ваги, дробилки, млин и пари, како и ловен карабин кал.7,9 мм, 31 куршум 7,9 мм, 2 куршуми кал.9 мм, пиштолска муниција, 2 маневарски куршуми кал.7,62 мм за автоматска пушка. Девет лица се лишени од слобода, и тоа Е.Д.(42) од Штип, П.А.(51) од с.Чешиново, кочанско, М.А.(22) од с.Чешиново, кочанско, С.Д.(42) од Кочани, И.Р.(23) од Берово, Ф.Ј.(25) од Свети Николе, Ј.А.(27) од Пробиштип, Х.В.(20) од Делчево, А.Г.(26) од Кочани, а Н.Ј.(25) била повикана во полициска станица на службен разговор. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Штип.

Билтен МВР

Сподели на Facebook и Twitter