Одржана работна средба меѓу ВИТА МАКСИМА и докторите по ветеринарна медицина од Пробиштип

На средбата се разговараше на тема, долгогодишниот проблем со напуштените (бездомни) животни.

На 22-03-2023година, беше одржана работна средба помеѓу членовите на Здружението за заштита и благосостојба на животните ВИТА МАКСИМА- Пробиштип и Д-р Зоран Цанев и Д-р Драган Станојковски, доктори по ветеринарна медицина. На средбата се разговараше за начините како трајно да се реши долгогодишниот проблем со напуштените (бездомни) животни. Беа претставени повеќе конструктивни идеи за заеднички активности и проекти, чие имплементирање би овозможило во иднина Пробиштип да биде град во кој ќе нема бездомни животни.

Донесените одлуки во најскоро време ќе бидат презентирани и пред градоначалникот и надлежните ресори на локалната самоуправа, со надеж дека со заедничко залагање и партнерски однос на сите чинители резултатите во најкраток рок ќе бидат видливи.

Сите активности на Здружението ќе бидат презентирани пред граѓаните, со апел на што помасовно нивно вклучување и активирање за доброто на целата наша заедница.

ВИТА МАКСИМА- Пробиштип

Сподели на Facebook и Twitter