Подобрување на социјалните услуги – Проект на општините Пробиштип и Кратово

Во рамки на проектот обучени се 14 негуватели од кои седум за општина Пробиштип и седум за општина Кратово

Почитувани граѓани на Општина Пробиштип и Општина Кратово! Општина Пробиштип во соработка со општина Кратово е во фаза на реализација на проектот за подобрување на социјалните услуги со грантот одобрен од страна на Министерство за труд и социјална политика.

Во завршна фаза е опремувањето на просториите отстапени на користење на Општинската организација на Црвен Крст Пробиштип и нивно прилагодување за воспоставување на социјалната услуга Помош и нега во домот.

Во рамки на проектот обучени се 14 негуватели од кои седум за општина Пробиштип и седум за општина Кратово. Давател на услугата ќе биде Општинската организација на Црвен Крст Пробиштип по нејзиното лиценцирање, а дефинирањето на услугата ќе биде дадена од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип со издавање на решенија за услугата.

Корисници на услугата помош и нега во домот може да бидат лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе.

Оваа услуга обезбедува помош за остварување на основни активности: лична хигиена, облекување, користење на тоалет, хранење, мобилност во домот. И инструментална поддршка како чистење, перење, пазарување, надворешна мобилност, земање на медицинска терапија итн.

За повеќе информации обратете се во Центарот за социјални работи- Пробиштип и Кратово или во Канцеларијата на Црвен Крст- Пробиштип.

Општинска организација на Црвен Крст Пробиштип

 

Сподели на Facebook и Twitter