Д-р Емилија Милановска – Матичен доктор
ДОБАР СОН Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ
Сонот е време кога телото ја обновува својата енергија и се подготвува за следниот ден.
Потребата за времетраењето на сонот е индивидуална, но истото не значи и за квалитетот.
Мелатонинот е хормон кој се лачи од хипофизата и го регулира 24 часовниот ритам на спиењето.
Времетраењето на сонот иако игра голема улога во целокупното здравје, сепак квалитетот на сонот е пресуден.
Дали мислите дека квалитетен сон е кога ќе заспиете и не се будите до наутро? Могумина се будат по неколку пати во текот на ноќта, циклусите на сонот кај секого се различни.
Еден од индикаторите за квалитетот на спиењето е времето кое е потребно да заспиете. Одреден процент од луѓето заспиваат за повеќе од половина час, но заспивањето за помалку од половина час е знак за запаѓање во квалитетен сон.
Честото будење во текот на ноќта го нарушува циклусот на спиење и со тоа следниот ден се чуваствувате заморени. При квалитетен сон будењето во текот на ноќта не треба да биде повеќе од еднаш.
Еве неколку причини кои доведуваат до почесто будење во текот на ноќта:
- мора да одите во тоалет
- топло ви е
- рчите
- пиете премногу алкохол
- анксиозни сте или депресивни
- Нешто ве боли
- Имате гастритис ( воспаление на желудникот, киселина)
- Злоупотреба на психоактивни супстанци
Несоницата –инсомнијата претставува нарушување на спиењето кое се карактеризира со недоволен квалитет на спиењето кое трае подолг временски период, најмалку три пати неделно, најмалку во тек на еден месец. Најчесто е во облик на тешко заспивање, често ноќно будење и рано утринско будење или нивна комбинација. Таа е поврзана со стресни ситуации, психолошки кризи кои траат подолго време.
При започнување на третман на несоница треба да се утврди дали причината за несоницата е друго заболување, при кое таа е симптом и треба да се лекува основното заболување.
Пред да се започне со фармакотерапија (лекови) потребно е да се види дали несоницата може д се елиминира со промена на начинот на живеење:
- секогаш да се оди во кревет во исто време
- да се станува во исто време
- да се избегнува консумирање на кафе, алкохол, никотин
- да се избегнува преспивање преку ден
- редовни физичку вежби ( н не пред спиење)
– да се избегнува гледање телевизија пред заспивање
– да се избегнува обилно јадење пред заспивање
– да се создаде удобна атмосфера за спиење
Квалитетниот сон го чува вашето здравје, а луѓето кои имаат поквалитетен сон поефикасно се справуваат и управуваат со здравствените проблеми и секојдневните предизвици.