Пробиштип доби Здружение за заштита на животните – ВИТА МАКСИМА

Примарната цел на Здружението е трајно решавање на проблемот со бездомните (напуштени), животни преку максимално хуман третман на истите, согласно законите на Република Македонија. 

На иницијатива на граѓани, љубители на животни, оформено е Здружение за заштита и благосостојба на животните – ВИТА МАКСИМА. 

Примарната цел на Здружението е трајно решавање на проблемот со бездомните (напуштени), животни преку максимално хуман третман на истите, согласно законите на Република Македонија. 

Активностите на Здружението ќе бидат насочени во правец на создавање партнерски однос со институциите и граѓаните, со заеднички активизам, конечно да се стави крај на овој повеќедецениски проблем со кој сите се засегнати.  

Се надеваме дека со заедничко залагање на сите предходно споменати , Пробиштип ќе стане град без бездомни животни, град кој ќе биде безбеден за движење на сите негови граѓани. 

Во најкраток рок Здружението ВИТА МАКСИМА ќе биде достапно за комуникација преку социјалните мрежи, со апел за вклучување во активностите на што поголем број граѓани.  

Вита Максима – Здружение за заштита на животните

Сподели на Facebook и Twitter