Републички литературен конкурс ,,Ракатки”

Повторно награда за ООУ ,,Никола Карев " Ванеса Давиткова со нејзините стихови. Уште еднаш причина за награда

По повод дваесет години од постоењето на детскиот литературен фестивал ,,Ракатки” фестивалскиот одбор распиша конкурс на тема: ,,Македонија – мојата татковина, мојот дом”.

Право на учество имаа учениците од основните училишта, но секое училиште можеше да учествува само со една творба. Литературната манифестација ,, Ракатки ” , има цел да им даде можност на талентираните ученици да го презентираат својот литературен израз.

Нашата ученичка Ванеса Давиткова од осмо одделение, под менторство на својата наставничка по македонски јазик, го освои второто место на овој Републички настан. Нејзиниот талент и овој пат беше награден меѓу најдобрите, а нејзините стихови во творбата ја опишаа нашата убава Македонија. Честитки за Ванеса со желба да продолжи и понатаму да се дружи со убавиот пишан збор…и понатаму нејзините стихови да бидат причина за награда. Оваа награда е награда и за нашето училиште, се надеваме и во иднина достојно ќе го претставуваме, а на 11.05. 2024 година ќе се одржи свеченото доделување на дипломите , каде стиховите на Ванеса ќе бидат прочитани.

 

Мојата татковина, мој дом

 

Во срцето на Балканот,меѓу

долини и гори,

распослана си под

најубавото сонце што грее,

за тебе татковино со векови

се збори,

и од срце најубава песна се

пее.

 

Ти си најубава земја на светот,

од житото плодно црпиш

исконска сила,

имаш очи со езерска сина

боја,

а над нив веѓи од бујни шуми

и бели галебови крила.

 

Од Охрид до Дојран,

од Гевгелија до Матка,

од Кокино до Стоби, преку

Крушево до Шара,

прекрасната глетка здивот го

зема,

а попатно и Вардар шепоти,

убавини нови дава.

 

А старци збрчкани раце

испреплетуваат,

за минатото тивко ми

зборуваат,

спомените свои за тебе ги

раскажуваат,

во ехото на манастирските

ѕвона,

зборовите полека им

исчезнуваат.

 

Непресушна ризница од

спомени си,

виножито сјајно во

светлината,

исправена гордо и’ пркосиш

на темнината,

Македонијо, мој сегашен дом и дом

на иднината.

Ванеса Давиткова ООУ „Никола Карев“ Пробиштип  8а одд.

Ментор: Маријана Ефремова Кралевска

 

Маријана Ефремова Кралевска

Сподели на Facebook и Twitter