СПД Пробиштип учествуваше на 41-то искачување на Титов Врв

Тринаесет члената екипа составена од 12 планинари и 1 планинарка од САД го искачија највисокиот врв на Шар Планина и втор по височина врв во Република Македонија висок 2747 мнв. во зимски услови несвојствени за крајот на месец мај.
Планинарите на Спортското Планинарско Друштво ПРОБИШТИП учествува на 41-то традиционално искачување на Титов Врв, организирано од Планинарскиот Клуб Љуботен од Тетово. Тринаесет члената екипа составена од 12 планинари и 1 планинарка од САД го искачија највисокиот врв на Шар Планина и втор по височина врв во Република Македонија висок 2747 мнв. во зимски услови несвојствени за крајот на месец мај.
Околу 600 планинари ја искачија највисоката точка на Шар Планина – Титов врв во рамки на традиционалното 41-во искачување што го организираше ПК Љуботен. Планинарите се движеа по “Вакуфска патека” долга 14 километри со висинска разлика од 1047 метри.
До највисокиот врв на Шар Планина се искачија 600 планинари учесници од 27 планинарски друштва од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска.
Сподели на Facebook и Twitter