Tимот на “флористи” одржа едукација на тема Екологија

Во претстојниот период следуваат уште многу вакви акции.

По повод 21 март Ден на пролетта и Ден на екологијата тимот на “флористи” одржа едукација на тема Екологија. Едукацијата е дел од многуте активности на овој тим кој изработува мал ЦКА ПХВ проект од еколошки карактер и има за цел да ја подигне еколошката свест кај што повеќе млади во нашата заедница. Денес се едуцираа учениците од девето одделение од ООУ”Браќа Миладиновци” Пробиштип. Во претстојниот период следуваат уште многу вакви акции. Членови – волонтери на групата “флористи” се: Матеј Димитриевски Јана Трајчева Јована Димитриевска Јована Јовановска Теа Панчева Александра Стојмирова

Сподели на Facebook и Twitter