Традиционално берење на бадникови гранчиња

На 5.01.2023 година (четврток) во 11.00 часот на месноста Жгури, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.

По повод најголемиот верски празник , Божиќ, во организација на Општина Пробиштип на месноста Жгури, во 11 часот, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.
По тој повод се известуваат сите заинтересирани граѓани на општина Пробиштип, на ден 05 јануари (четврток), во 10 часот од пред зградата на Општина Пробиштип, во центарот на градот ќе има бесплатен организиран превоз до месноста Жгури каде ќе се одржи оваа веќе традиционална манифестација, на која ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата на настанот во наредната година.

Сподели на Facebook и Twitter