Во Младинскиот Центар Пробиштип одржан тренинг за врснички едукатори

Потенцијалните врснички едукатори имаа можност да ги унапредат своите меки вештини и да дознаат повеќе информации за тоа како правилно да прават врснички едукации

Во период 18.02-19.02.2023 во Младински Центар Пробиштип се одржа тренинг за врснички едукатори во кој учество земаа волонтери од Клуб на млади Општинска Организација Црвен Крст Пробиштип и Клуб на млади Општинска Организација Црвен Крст Свети Николе. Овие два дена потенцијалните врснички едукатори имаа можност да ги унапредат своите меки вештини и да дознаат повеќе информации за тоа како правилно да прават врснички едукации и кои алатки се корисни за ефективна едукација, зошто токму врсниците се оние на кои најмногу веруваме и зошто врсничката едукација е битна. Им посакуваме многу среќа и успех!

Ангела Георгиевска

Сподели на Facebook и Twitter