Денес општина Пробиштип го потпиша договорот за проектот за замена на сите улични светилки со нови лед енергетски ефикасни светилки на целата територија на општината.
Овој проект се реализира во соработка со Министерство за финансии преку Светска банка и вкупната вредност изнесува 24 милиони денари.
Фирмата Елмонд електро од Скопје е економскиот оператор кој е избран за реализација на проектот со рок за реализација од шест месеци.
Општината со замената на постоечките 1700 улични светилки ќе направи заштеда од 40 проценти на електрична енергија, со замената и ќе заврши рестрикцијата во уличното осветлување коешто општината беше приморана да го спроведе како мерка за заштеда.
Општина Пробиштип