Започна со реализација проектот за реконструкција на улицата “Македонски револуционери” и дел од “Димитар Влахов”, при што е предвидено реконструкција и изградба на тротоарите и асфалтирање на улицата.
Проектот го реализираме со средства обезбедени од Министерство за транспорт и врски во висина од 17 милиони и 1.6 милиони од општинскиот буџет.
Со оглед на врнежите кои ги имавме изминатиов период, се пролонгираше со отпочнување на проектот за изградбата на спортско рекреативен комплекс во Камњар, и ќе започне веќе од понеделник.
Општина Пробиштип во периодот што следи ќе реконструира и улици во населба Пробиштип, Злетово и Пробиштип, согласно Програмата за работа, за кои што во моментот е во фаза на јавна набавка.
Општина Пробиштип се грижи за подобра инфраструктура за сите граѓани.
Општина Пробиштип