На 30.03.2023 година се одбележа патрониот празник(1 Април) на нашето средно училиште. Во текот на денот се одржаа бројни активности по повод одбележување на патрониот празник на СОУ “Наум Наумовски-Борче” Пробиштип. Денот започна во училиштето со положување на цвеќе пред бистата на нашиот патрон, свечено доделување на наградите за освоените места од распишаните ликовен и литературен конкурс, свечено доделување на наградите за првопласираните екипи од одржаното класно првенство во футсал од нашето училиште. Потоа активностите продолжија во вечерните часови во киносалата “Рудар” каде што присутните гости имаа можност да проследат што нашите ученици имаа спремено за нив. Салата беше исполнета со енергија и присутните уживаа во изведбите на нашите ученици. Седумдесет и пет години средно образование, седумдесет и пет генерации на образовани и успешни граѓани!
Василија Василева