Моето 9а одделение, ученици за пример

Емотивнa порака за полуматурантите од нивната наставничка
,,Моето 9а одделение, ученици за пример.
Секогаш пристојни и достоинствени во нивното однесување.
Скромни и несвесни за големината на нивните достигнувања.
Овој период со вашата несебичност, хуманост донесовте насмевки на многу лица. Бидете горди затоа што покажавте како треба да бидеме луѓе, полни со емпатија.
Продолжете и понатаму, уште поуспешни, поупорни, поборбени и уште посреќни.
Продолжете и понатаму да ја негувате и развивате човечноста во вас и вредностите и истите да ги пренесувате на идните генерации.
Знам дека пред вас престојат огромни достигнувања и затоа бидете храбри, не потклекнувајте на предизвиците, верувајте во вашиот огромен потенцијал.
Бидете единствени, уникатни , секогаш со крената глава и насмевка на лицето.
Беше привилегија да се биде ваш одделенски раководител.
Среќно драги мои полуматурани!“
Ова се зборовите со кои одделенскиот раководител Александра Наунова се збогува со своите ученици, деветодделеници, кои секогаш ќе останат во нејзиното срце. Последната година од основното образование, овој тим дечиња заедно со својата класна раководителка, освен секојдневните училишни активности, успешно реализира четири проекти и тоа:
Работилница во соработка со Дневниот центар по повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреви
– Крени глас против врсничкото насилство
– Посета и дружење со членовите на Активот на жени пензионерки, Пробиштип
– Секое животно заслужува втора шанса
Ова е пример како со заедништво, иновативност, креативност, солидарност… еден мал тим од наставничка и ученици можат да направат големи промени.
Се надеваме дека овој модел ќе стане традиција и светол пример за идните генерации и основното училиште ќе биде место каде ќе се создаваат идни професионалци, но пред се, добри луѓе !
Пробиштип инфо
Сподели на Facebook и Twitter