Активности во рамки на кампањата ,,Стоп за булинг- врсничко насилство“

Учениците од Ученичкиот парламент при ООУ „Браќа Миладиновци„ Пробиштип се приклучија на кампањата „Стоп за булинг-врсничко насилство“

Учениците од Ученичкиот парламент при ООУ „Браќа Миладиновци„ Пробиштип се приклучија на кампањата „Стоп за булинг-врсничко насилство“. Тие изработија постери на кои сликовито и текстуално го претставија врсничкото насилство. Постерите беа поделени по одделенија и секој класен раководител имаше разговор со своите ученици за врсничкото насилство и препознавање на различните облици на истото. Некои одделенија организираа и работилници на тема врсничко насилство. Неколку претставници на Ученичкиот парламент делеа постери во училишниот двор по завршување на наставата.

Известувачи од ООУ „Браќа Миладиновци “-Пробиштип

Јована Колевска IX а одделение

Леона Радованова IX б одделение

Михаела Ѓоргиева VIII б одделение.

 

Сподели на Facebook и Twitter