Заврши проектот на тема ,,Еколошките технологии од областа на машинството и металургијата,, за учениците од стручното образование кои реализираа пракса две недели во Португалија и Бугарија. Тоа е „Еразмус +” проектот за учениците од машинската и геолошко-рударската струка кој е одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,а кој се реализираше во соработка со Португалската организација Еуриета,Република Португалија и Бугарската организација Центар за Европски Иницијативи од Стара Загора, Република Бугарија.
Во текот на месец јуни беше реализирана првата мобилност која беше за учениците од машинската струка.Проектот е кофинансиран од програмата на Европската унија –Еразмус + и во него учествуваа 12 ученици од машинската струка од прва до трета година каде имаа можност да извршуваат практична работа во Лисабон и Одивалдес , во Р.Португалија.
За време на мобилноста учениците извршуваа практична работа во високореномирани компании (автомеханичарски работилници) во кои стекнуваа нови знаења,искуства и вештини со помош на менторите во самите компании.
Соработка со компаниите Аута Баерн, БМВ компанија во која учениците имаа можност да работат и да стекнат знаења од областа на механиката и електрониката на возилата и тука исклучиво се работеше на БМВ возила.Потоа учениците имаа можност да работат и во компаниите Ауто Прогресо –Де Авинитес ЛДА,,Фактор Формула и Ауто Плено Унипесоал.
Освен што имаа можност да учат и професионално да се усовршуваат во слободното време учениците имаа можност да се запознаат и со културата,традицијата и знаменитостите на Лисабон.Посета на спортскиот стадион на фудбалскиот клуб Бенефика и нивниот музеј,трговскиот центар Колумбо,паркот Едуардо VII ,плажата Каркавалос,а исто така имаа можност да присуствуваат и на нивниот фестивал на кој учествуваат маски во вид на карневал.
Во текот на месец октомври беше реализирана втората мобилност која беше за учениците од геолошката струка.Проектот е кофинансиран од програмата на Европската унија –Еразмус + и во него учествуваа 4 ученици од геолошко-рударската струка каде имаа можност да извршуваат практична работа во Поморје, во Р.Бугарија.
Практични активностите на нашите учениците од геолошко-рударска струка во компании во Поморје каде што за време на мобилноста учеа и стекнуваа нови знаења, искуства, вештини.
Учениците во слободното време имаа можност да се запознаат со културата, традицијата и знаменитостите на градот Бургас,а имаа и културна пошетка и до градот Несебар.
Целта на проектот е проширување на знаењата,вештините и искуствата од областа на машинството и геологијата,стекнување на нови знаења и вештини,како и десиминација на стекнатите знаења по завршување на мобилноста. Проектот ќе им овозможи на децата од семејства со помали финасиски можности да стекнат непроценливо искуство Учениците од машинската струка имаа можност да ги прошират своите знаења за различни видови на автомобили и нивните мотори,вршење на дијагностика и нови уреди за компјутерска дијагностика,поправка,сервис и одржување на истите.
Праксата на учениците од геолошката струка придонесе за унапредување на нивните стручни, јазични, комункациски и организациски вештини како и стекнување на многу нови компетенции.Со тоа ќе се развие способност за користење на различни машини како и прописи за употреба на металуршката опрема.
Со овој проект учениците се стекнаа со непроценливо искуство кое и помогна во зголемување на нивната самодоверба што понатаму ке придонесе за успешно градење на нивната професионална кариера.
Трудељубивоста, скромноста, дисциплината, мотивацијата, напорната работа, трпеливоста, тимската работа на менторите и на учениците,нивната професионалност и стручност секогаш вродува со плод и придонесува до остварување на посакуваната цел.
СОУ „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип