На 30 – март – 2023 год, четврток, од 19 часот се одржа овогодишната финална ораторска вечер при правниот факултет на универзитетот „Гоце Делчев“- Штип. Пред бројни интелектуалци, професори, пратеници и јавни фунционери, ораторската вечер ја отвори Ева Илиевска, IV-1 клас при СОУ„Наум Наумовски-Борче“ – Пробиштип, под менторство на професорот Александар Богатинов.
Можеме да бидеме горди што Ева Илиевска беше дел од најдобрите беседници кои ја одбележаа овогодишната ораторска вечер. Настанот претставува место каде младите интелектуалци можат слободно и без цензура да го изразат својот критички дух за бројните проблеми со кои се среќаваат во општеството и истовремено да го предочат во говор својот визионерски поглед.
Проф. Александар Богатинов